АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
11.02.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во западниот дел од земјата.
Поради минирање, патниот правец планински премин Пресека-село Врбјане на 12.02.2021 од 12ч до 15ч во времетраење од 30 минути ќе биде затворен за сообраќај.
Авто Мото Сојуз на Македонија, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева