АМСМ: Возете внимателно сообраќајот се одвива по влажни коловози, ситен снег вее на Попова Шапка
12.02.2021
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Ситен снег врне на Пoпова Шапка.
Денеска од 12 до 15 часот, сообраќајот на патниот правец Пресека-село Врбајни ќе биде привремено затворен во времетрање од 30 минути, поради минирање.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Стефани Манева