На Попова Шапка формирана е снежна покривка од 40 сантиметри, најстудено во Маврово каде што се измерени -9 степени
Објавено на 12 февруари, 2021 во 08:57
12.02.2021
Изутринава се забележани минусни температури на територијата на целата земја, а најниската температура е измерена во Маврово –9. Во Берово и Крива Паланка – 8 степени. Во Крушево температурата била -7 степени, во Прилеп, Виница и Куманово -5.
Најмногу снег има на Попова Шапка, формирана е снежна покривка од 40 сантиметри, утрово повторно паѓаше ситен снег.
Дожд имаше и во повеќе делови од земјата, а најмногу наврнал во Пожаране и Охрид – 12 литри на метар квадратен.
Вдолж Повардарието ноќеска и утрово дува засилен ветер од северозападен правец, на места со брзина над 50 км/час, а во источните делови е претежно ведро.