АМСМ: Возете внимателно, има забрана за движење на неколку патни правци но можна е и појава на голомразица

Објавено на 16 февруари, 2021 во 08:30

golomrazica

16.02.2021

Поради остатоци од снег на коловозите забрана за движење има не неколку патни правци и тоа:
Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси, Крак Маврово – Дебар има забрана за тешки товарни возила со приколка.
Од Дебар кон Струга исто така има забрана за тешки товарни возила, додека во спротивен правец односно од Струга кон Дебар нема забрана.

На патниот правец Р2248 помеѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

Авто Мото Сојуз на Македонија соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови на места по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Јавно Претпријатие„ Македонија Пат“.

Поради ниските температури на одредени места можна е појава на голомразица, затоа се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.