УХМР: Времето денеска ќе биде сончево со умерен ветер

Објавено на 22 февруари, 2021 во 09:03

sonce soncevo vreme

22.02.2021

Времето денеска сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни колтини ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено денес и кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика топење на снежната покривка. Утре и во среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.