Заев: Разочаран сум што ни се случи уште едно бегство, Мијалков се очекува да биде осуден бидејќи народот очекува правда

Објавено на 22 февруари, 2021 во 11:07

20210222113540 390x220

22.02.2021

По сведочењето во случајот „Титаник“, премиерот Зоран Заев запрашан за бегството на Сашо Мијалков посочи дека е разочаран што се случи уште едно бегство во ваков случај.

Имено, додаде дека ќе побара детали за истрагата и случајот очекува да се расчисти во најбрз можен рок, со оглед на тоа што народот очекува правда.

-Народот бара правда. Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Разочарани сме што тој се уште не е пронајден. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот народ очекува расветлување оваа ситуација. Ќе побараме одговорност кога ќе ги знаеме деталите“, посочи Заев пред Кривичниот суд.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.