УХМР: Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер
Објавено на 23 февруари, 2021 во 09:14
23.02.2021
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено во должина на Повардарието. Во утринските часови по одделни котлтини ќе има услови за појава на слаба магла.
Продолжува периодот на стабилно и потопло време со температури над просекот за овој период од годината.
По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините. Утре ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено во должина на Повардарието.
Стефани Манева
