Сончево со мала до умерена локална облачност

Објавено на 8 април, 2021 во 06:55

soncevosomaladoumerenaoblacnost fin

08.04.2021

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно, на места во југозападните делови сѐ уште ќе има услови за слаби врнежи од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.