Маричиќ: Секое одложување може да биде разбрано како слабост на ЕУ и да биде искористено од трети земји
Испративме пораки до Брисел и европските институции дека сега е време државите-членки на Унијата да покажат лидерство за Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите, со што ќе направиме еден чекор напред за сите земји од регионот во насока кон полноправно членство, напиша вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.
Тој додаде дека е сигурен дека Брисел и државите-членки на ЕУ се свесни колку е важно да се дејствува час поскоро, а тоа го изјавил во интервју за Албаниан дејли њуз., додавајќи дека војната во Украина испратила сигнал за важноста на обединувањето на Европа со земјите од Западен Балкан.
-Секое одложување може да биде разбрано како слабост на ЕУ и да биде искористено од трети земји, кои имаат претензии за зголемување на своето влијание во регионот, напиша тој на ФБ.