МВР: 189 санкции за пребрзо возење
Објавено на 14 септември, 2022 во 11:20
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 189 возачи.
-Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 95 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.