МВР: 202 санкции за брзо возење
Објавено на 8 март, 2022 во 10:48
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.
-Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението на МВР.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.