МВР: 663 санкции за брзо возење на територијата на Република Северна Македонија

Објавено на 15 ноември, 2021 во 10:12

Во текот на вчерашниот ден, 14 ноември, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 663 возачи. Од нив, 109 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 364 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Министерство за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.