МВР ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака за возилата
Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака „НМК“. Добитник на тендерот е компанијата КВАНТУМ од Скопје заедно со германската „ЕХА Хофман интернационал“.
За оваа цел, МВР ќе потроши 141,6 милиони денари (2,29 милиони евра) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.
Според договорот објавен на страницата на електронскиот систем за јавни набавки компаниите кои го добиле тендерот, за чифт регистарски таблички понудиле цена од 540 денари плус ДДВ од 97,2 денари, односно 637,2 денари.
Првата испорака треба да почне 30 дена од потпишувањето на договорот, а набавката ќе се реализира според потребите кои ќе ги утврди МВР.
Обврската за користење на кодот НМК на регистарските таблички е од Преспанскиот договор, согласно кој рокот за замена е до февруари 2024 година. Наместо целосна замена на регистарските ознаки, со новата владина одлука, граѓаните ќе треба да добијат само лепенка со новиот код.
Дума.мк