Над 200.000 заразени со корона од почетокот на пандемијата
Објавено на 27 октомври, 2021 во 10:01

Здравствените власти вчера пријавика 10 смртни случаи од последиците од коронавирусот и 511 нови случаи на зараза.
Според соопштението на Министерството за здравство, од 3.622 тестови за коронавирус во последните 24 часа, 14,11 отсто биле позитивни.
Во земјава од коронавирус починале 7.072 лица, од почетокот на епидемијата се регистрирани 200.412 заразени, а активни се 6.191 случаи.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека оздравеле уште 497 пациенти, со што вкупниот број на излекувани се искачи на 187.149.
