Најстудено во Петровец, измерени минус три степени
Најстудено утринава било во Петровец, а најтопло во Охрид, покажуваат утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Петровец се измерени минус три степени, во Струмица минус два степена, на Зајчев Рид минус еден степен. Нула степени се измерени во Тетово и Гевгелија, еден степен во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово и Велес, два степена во Демир Капија, Штип, Крушево и Битола, четири степени во Виница и Претор, пет степени во Дебар и шест степени во Охрид.
За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Дума.мк