Нашиот кларинетист Благој Ламњов во светска премиера на нова циркус-опера во Шведска

Објавено на 28 мај, 2021 во 15:28
Благој Ламњов

Светска премиера на новата опера на Американскиот композитор Philip Glass во соработка со Cirkus Sirkör од Шведска, либрето од David Henry Hwang и циркус режисер Tilde Björförs.

Операта на Малме во живо ќе ја пренесува оваа спектакуларна циркус-опера, оживувајќи ја поезијата на Robert Lax преку интернационален тим на светски акробати и циркуски уметници, оперски пејачи и музичари.

Благој Ламњов

Предвидени се вкупно 10 претстави кои ќе треба да завршат до 13 јуни, оваа година. За циркус- операта, планирана е и турнеја околу светот во наредните седум години.

Премиерно ќе биде изведена на 29 мај, сабота, со почеток во 18:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.