Наутро студено, преку ден сончево со мала локална облачност

Објавено на 21 декември, 2021 во 09:19

Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено утре и во четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 10 степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.