НУК: Новите протоколи за организирање на свадби се нелогични
Новите промени во протоколи за работа на угостителските објекти на комисијата за заразни болести усвоени од страна на владата се толку контрадикторни сами на себе , велат од Независната угостителска комора.
– Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби, прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност и кои работат согласно шифрите на дејност 56 – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна регистрирани согласно Законот за угостителска дејност во Централниот регистар на РСМ. Во ниеден закон, уредба или правилник не постои ново создадениот термин – Ресторани за свадби со кои се ограничувало или се ограничува организирање на свадби, прослави и веселби исклучиво под определени услови во одредени угостителски објекти. Свадби, прослави и веселби меѓу кои спаѓаат и крштевки, родендени, веридби, матурски, дипломски, разни годишнини не се организирале ниту ќе се организираат само во овие т.н. Ресторани за свадби, туку се организирале и ќе се организираат во сите угостителски објекти, велат од НУК.
Според НУК, со новите протоколи е направена неправда и кон музичката индустрија.