Обединетото Кралство ја претстави програмата на претседателството која ќе ги поттикне глобалните климатски амбиции на COP26

Објавено на 25 октомври, 2021 во 15:18

Владата на Обединетото Кралство ја претстави својата програма на настани на Претседателството за двонеделниот самит COP26, кој се одржува во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември.

Програмата започнува со Светскиот лидерски самит (1-2 ноември), чиј домаќин ќе биде премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, на кој повеќе од 120 лидери веќе го потврдија своето присуство. Лидерите се охрабруваат да постават амбициозни активности за намалување на емисиите – вклучувајќи ја и нултата емисија, како и за јагленот, автомобилите и дрвјата, да ги прошират активностите со цел да се прилагодат на влијанијата на климатските промени и да ги мобилизираат финансиите, и колективно да ја сигнализираат нивната посветеност на одржување на клучната цел од Парискиот договорот за ограничување на покачувањето на глобалната температура под 2 C Целзиусови степени и што е можно поблиску до 1,5 Целзиусови степени.

Паралелно со формалните преговори, двонеделната програма на настаните на Претседателството ќе стави фокус на начинот на кој сите делови на општеството и глобалната економија водат амбициозни климатски активности.

Настаните се однесуваат на клучните тематски денови, вклучувајќи финансии, прилагодување на влијанијата од климатските промени, енергетската транзиција, природата и користењето на земјиштето, полот и младите. Канцеларот Риши Сунак ќе го отвори првиот од тематските денови, со настан за тоа како се ставаат на располагање финансии за да се исполнат целите на Договорот од Париз, а британските владини министри ќе присуствуваат на настаните во текот на двете недели.

Други настани вклучуваат поттикнување на разговори за промена од јаглен на чиста енергија; одговарање на неодамнешниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) за денот на науката и иновацијата; и организирање на состаноци на министри за образование и климатски промени со млади луѓе за да разговараат за важноста на образованието во креирањето на позитивна климатска иднина.

На денот на адаптација, загуба и штета, заедниците на првата линија ќе ги споделат своите искуства за најлошите ефекти од климатските промени. Потоа ќе следи министерска дискусија за напорите за прилагодување на влијанијата на климатските промени.

Учесниците на самитот, исто така, ќе можат да се инспирираат од повеќе од 80 Павилјони на кои земјите, граѓанското општество и меѓународните организации ќе организираат свои кураторски програми на настани. Во согласност со посветеноста на Обединетото Кралство на инклузивноста, COP26 е првиот COP што нуди заеднички павилјон, дозволувајќи им на делегациите да бидат домаќини на настани во павилјон изграден од Обединетото Кралство.

Велика Британија денес ја објавува својот програма за Павилјонот на Обединетото Кралство, што ќе ги поддржи клучните цели на Претседателството COP26, истовремено покажувајќи ја водечката улога и активностите на Обединетото кралство за климата. Павилјонот на Обединетото Кралство ќе содржи мноштво партнери и настани, вклучително и за родова еднаквост, и поддршка на домородните и локалните заедници на население кое живее во шумите.

Забелешки до уредниците:

1.       Тематските денови на Програмата на претседателство ќе ги опфатат финансиите; енергија; младите и јавното оснажнување; природата и користењето на земјиштето; адаптација, загуба и штета; пол; наука и иновации; транспорт; и градови, региони и изградена средина.

2.       Јавноста, исто така, може да се вклучи во повеќе од 200 настани што се одржуваат во Зелената зона во Глазгов предводена од Обединетото Кралство помеѓу понеделник 1 ноември и петок 12 ноември. За повеќе детали ве упатуваме тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.