Облачно време со сончеви периоди, можно невреме во попладне
Објавено: 27 јули, 2026, во 09:16 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа ќе има пороен дожд и грмежи, а локално временските услови ќе бидат проследени со краткотрајно невреме, силен западен ветер со брзина над 60 километри на час, електрични празнења и со изолирана појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 24 до 35 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина се очекува можност за краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и со услови за појава на град.
Дума.мк


