Од 5 јануари проверете за од 12 јануари да ја примите исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани
Граѓаните кои се корисници на парични средства од државната финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12 јануари, годинава откако министерството за труд и социјална политика списокоците ќе ги објави на 5-ти јануари, годинава.
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика ќе биде објавен список на корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Исто така на веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ќе биде објавен списокот на корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.
Ќе биде објавен и списокот на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за невработени лица кои се корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
Министерството за труд и социјална политика информира дека списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, и смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.
Од МТСП информираат дека приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected]. и по истекот на временскиот период за проверка списоците ќе бидат повлечени за три дена.
Дума.мк