Од понеделник трета доза вакцина во Македонија
Третата доза вакцина којшто ќе почне да се дава од понеделник, треба да биде „Фајзер”, без оглед која е претходно примената вакцина.Таа ќе биде наменета за граѓаните на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возарста и сите лица кои имаат имуно компромитирана состојба без оглед на возраста изјави министерот за здравство, Венко Филипче, објаснувајќи го предлогот на членовите на Комисијата за имунизација.
– Надмината е бројката од 700.000 граѓани кои се вакцинирани со две дози, што значи дека 37 отсто од вкупното население во земјава е имунизирано. По старосни групи 74 проценти од лицата над 70 години се вакцинирани, 65 % над 60-годишна возраст, 60% над 50 години, 55 % над 50 години и 31% се имунизирани лицата од 18 до 39-годишна возраст. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет, вели Филипче и дополни дека сепак има една одредена бројка од 1.500-2.000 граѓани на ден што се пријавуваат за прва доза на вакцина.
Трета доза во земјава ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци, по што ќе можат да добијат и македонски сертификат.