Пациент заразен со коронавирус избегал преку прозорец од болницата во Гостивар

Објавено на 31 август, 2021 во 11:31

Пациент заразен со коронавирусот е снимен како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести од болницата во Гостивар, објави порталот Лајме.мк.

Во моментов, сѐ уште нема официјална реакција од страна на болницата или полицијата.

Состојбата со коронавирусот во нашата држава повторно станува аларматна, а Гостивар е еден од градовите во кои има над 1000 активни случаи. Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1394 активни случаи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.