Пендаровски ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс Трети
Објавено на 3 мај, 2023 во 09:52

Претседателот Стево Пендаровски ќе ја претставува Македонија на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс што ќе се одржи в сабота, на 6 мај.
Од кабинитетот на Пендаровски потврдија дека добиле покана од Бакнгемската палата и дека претседателот ја прифатил поканата.
На крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.
Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, јави вчера Ројтерс.
Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.
Дума.мк
