Платата на војниците ќе биде зголемена за 2000 денари

Објавено на 26 октомври, 2022 во 09:35

Припадниците на Армијата ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари, потврдено е на средбата вчера во Министерството за одбрана на министерката Славјанка Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата.

Тоа значи дека со октомвриската плата којашто ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.

„Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет“, рече министерката.

Станува збор за сума за покачување на платите на припадниците на Армијата за која министерката Петровска и претставниците на синдикатите во Министерството и Армијата преговараа и постигнаа согласност во пресрет на усвојувањето на Законот за служба во Армијата

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.