По најавите за бојкот, контроли во маркетите и проверка на можности за изигрување на законите
За да се утврди дали има прекршување на законите во однос на цените Премиерот Христијан Мицковски најави контроли во маркетите и во други трговски објекти.
Ваквата најава на премиерот доаѓа по најавите на социјалните мрежи за бојкот на супермаркетите поради високите цени.
„Знаете дека за време на завчерашната прес-конференција, на самата иста прес-конференција беа потенцирани два ланци на маркети кои што, од страна на ваши колеги, кои што можеби, според нивното кажување, прават одредени, би рекол изигрувања на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и деновиве коишто следат. Бидејќи според информациите со кои што располагаме, имаме отприлика околу 20.000 коминтенти по ланец супермаркети и ќе треба да длабоко се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции“, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека освен ланците супермаркети, и други трговски објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли.
Дума.мк