По најавите за бојкот, контроли во маркетите и проверка на можности за изигрување на законите

Објавено на 30 јануари, 2025 во 11:34

За да се утврди дали има прекршување на законите во однос на цените  Премиерот Христијан Мицковски најави контроли во маркетите и во други трговски објекти.

Ваквата најава на премиерот доаѓа по најавите на социјалните мрежи за бојкот на супермаркетите поради високите цени.

„Знаете дека за време на завчерашната прес-конференција, на самата иста прес-конференција беа потенцирани два ланци на маркети кои што, од страна на ваши колеги, кои што можеби, според нивното кажување, прават одредени, би рекол изигрувања на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и деновиве коишто следат. Бидејќи според информациите со кои што располагаме, имаме отприлика околу 20.000 коминтенти по ланец супермаркети и ќе треба да длабоко се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека освен ланците супермаркети, и други трговски објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.