Попладне не очекува пороен дожд
Објавено на 11 мај, 2022 во 09:42

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
