Поповски: Многу топлото време продолжува, но локално ќе има невреме и пороен дожд!

Објавено: 14 август, 2025, во 09:06 часот

„Во остатокот од оваа недела во Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.

Сепак поради продор на малку поладен воздух од север, на висина, ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата  и попладневен развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските предели каде е можна и појава на краткотрајно невреме.

Во понеделник,18 август, во попладневните часови на повеќе места ќе се појави нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со силен ветер  и со појава на град. Во Скопје  и околината ќе биде нестабилно и во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме со силен ветер  и со појава на град.

Температурите остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат  и до околу 35 степени додека во Повардарието локално ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата исто така ќе надминува 35 степени.

Поради топлиот бран од Африка и многу високите температури на воздухот апелирам граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, како и да пијат повеќе течности,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.