Поповски: Викендов краткотрајно ќе имаме многу повеќе сонце, ќе биде и потопло!

Објавено на 1 август, 2025 во 08:54

„Под влијание на потопла воздушна маса од југ, за време на претстојниот викенд, сабота 2 и недела 3 август, времето во Македонија ќе биде потопло со повисоки максимални дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Во Скопскиот регион температурата за време на овој викенд ќе се искачи до околу 35/36 степени.

Времето ќе биде постабилно со многу повеќе сонце, а повремено ќе засилува ветер од променлив правец.

Сепак, во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност, па така не се исклучува можноста за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.