Познат идентитетот на момчето кое го изврши пукањето во Белград: Упаднал на час по историја и почнал да пука

Објавено на 3 мај, 2023 во 10:53

Ученикот Коста Кечмановиќ (14) денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени, пренесува српска „Нова“.

Како што стои во училишната евиденција, Коста Кечмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби.

Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денешниот инцидент наводно започнал токму поради неговиот гнев кон наставникот по историја. Ученикот упаднал на часот по историја и почнал да пука.

Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста К. упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.

Прво пукал во учениците и наставничката по историја, а потоа продолжил и надвор.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.