Препораки на МЗ: Да се одложат активностите на отворено во најтоплиот дел од денот

Објавено: 8 август, 2025, во 10:32 часот

Поради значителното зголемување на дневните температури, коишто  се очекуваат и за коишто во одделни региони можно е да достигнат до 39 Целзиусови степени, од денеска до 13 август, Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури.

На граѓаните им се препорачува да престојуваат во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, како и внесување на доволно течности,  избегнување на алкохол и засладени пијалоци.

При излегување надвор од домот на граѓаните им се препорачува да носат лесна, светла облека и да користат заштита за глава и за очи, како и да избегнуваат физичка активност во најтоплите часови од денот.

„Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, овие групи се особено чувствителни на високи температури, во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш побарајте медицинска помош, одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот и обезбедете микроклиматски услови поточно разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови, на работното место и во домот“, препорачуваат од Министерството за здравство.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.