Пронајдено безживотно тело во Охридското езеро
Објавено на 12 април, 2022 во 12:35
Во СВР Охрид на 11.04.2022 окоу 10 часот пристигнала пријава дека во водите на Охридското езеро е забележано безживотно машко тело.
Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство.
Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.