Седмоодделенецот направил список со децата што планирал да ги убие, имал скица и детален план како да го направи тоа

Објавено на 3 мај, 2023 во 15:11

Малолетникот К.К. се огласил да каже дека пукал во неколку лица, изјави денеска Веселин Милиќ, началник на полициската управа за град Белград и додаде дека момчето го зело оружјето од станот на татко му и го донело со четири молотови коктели.

„Ова било планирано да се спроведе еден месец. К.К долго го планирал, но не го открил мотивот. Оружјето го зел од станот на татко му и го донел со четири молотови коктели“, рече тој.

поред „Телеграф.рс“, скицата и списокот за убиството биле пронајдени во неговата соба на масата.

– Имаше список. Скицата личи на нешто од видеоигра или од хорор-филм, што укажува дека детално планирал, според часовите на училиштето, во која училница ќе влезе и како и кое дете ќе го ликвидира – вели Милиќ.

Цела Србија остана без зборови по оваа трагедија.

– Остануваме без зборови пред оваа трагедија. Како членови на МВР, таа нѐ обврзува околу реалната и фактичката состојба. На 3 мај во 8:42 часот ни се јави непознато лице кое се претстави како К.К и рече дека пукало во неколку лица во основното училиште „Владислав Рибникар“. Притоа беа убиени осуммина ученици, седум девојчиња и едно момче. При пристигнувањето во училиштето, припадниците на МВР го лишиле напаѓачот од слобода. Тој го планирал ова долго време. Денешниот датум го избрал затоа што училницата по историја била во близина на излезот од училиштето. Имал четири молотови коктели во чантата, а го застрелал чуварот веднаш по пристигнувањето во училиштето – изјави Милиќ.

Тој вели дека вакво нешто не видел во својата кариера.

– Сум бил на илјадници увиди, ова е нечуено во српското општество. Според досега собраните податоци, детето долго време го планирало настанот. Ги зел пиштолите од станот на татко му, со себе носел и молотови коктели. Прво пукал во обезбедувачот, а потоа во дежурната ученичка. По злосторството повикал полиција – вели Милиќ.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.