Скоро пола Mакедонија е без заразени од ковид-19

Објавено на 28 јуни, 2021 во 15:08

Нема починати од ковид последното деноќие, а регистриани се само три нови случаи. Според статистиката веќе скоро пола Mакедонија е без заразени лица од коронавирус.

Според податоците на министерството за здравство ните еден зараен нема во: Пехчево, Македонска Каменица , Дојран, Демир Капија , Пробиштип, Валандово, Богданци , Крушево, Радовиш, Берово, Делчево, Ресен, Гевгелија, Неготино, Струга, Кочани.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.