Со „Синовак“ продолжува масовната имунизација
Пристигнаа 500.000 дози „Синовак“ вакцини во земјава. Тие ќе бидат складирани во поликлиниката „Јане Сандански“ и Институтот за судска медицина од каде ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во државата.
-Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со Ковид-19 и на хоспитализиарани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид-центри низ државата се празни, мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот, кажа државната секретарка на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски.
Министерот Филипче, најави дека околу 150 илјади граѓани коишто изразиле интерес за вакцинација до 15 јули ќе добијат термин за имунизација. Меѓувреме епидемиолошката состојба во земјава според дневните статистики е стабилна. Во моментов дури 15 града немаат ниту едно лице заболено од ковид 19. Бројот на активни случаи изнесува 228, а најголемиот број се регистрирани во Скопје.