Сончево и многу топло, попладне нестабилно облачно со пороен дожд

Објавено на 25 мај, 2022 во 09:07

Времето денеска сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во следните денови ќе продолжи сончево и натпросечно топло време. Денес и утре во попладневните часови ќе има само изолирана појава на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок и за време на викендот ќе биде нестабилно на повеќе места, локално и во форма на невреме со град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.