Сончево и натпросечно топло

Објавено на 11 февруари, 2022 во 09:38

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, натпросечно топло и тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

За време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе имаме повеќе облачност и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините.

Утре ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени, додека мало опаѓање на истите се очекува од недела па натаму и максималните дневни температури на воздухот тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.