Сончево време со умерена облачност
Објавено на 31 август, 2023 во 09:19

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од девет до 19 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со свежи утра и со појава на мала до умерена облачност во текот на денот.
Дума.мк
