Спасовски: 2021 е најбезбедна година во сообраќајот

Објавено на 13 јануари, 2022 во 12:01

Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди во 2021 година (111), што е за 14 жртви помалку споредбено со 2020 година (125), информира на својот Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Продолжуваме со засилените контроли и превентивните акции и во 2022 година – нашата цел е оваа година да биде најбезбедна до сега.Апелирам до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти Спасовски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.