Спасовски: Бројката од 70 целосно реконструирани објекти на МВР е сериозен показател за одговорниот пристап на ова раководство

Објавено на 14 јануари, 2022 во 10:00

Бројката од 70 целосно реконструирани објекти на МВР, за периодот од 2017 до 2021 година, е сериозен показател за одговорниот пристап на ова раководство на МВР кон подобрувањето на условите на вработените и на услугата за граѓаните, информира на својот Фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Во 2017 година ја поставивме стратешката определба за концептот полиција – сервис на граѓаните, и оттогаш, па сѐ до крајот на 2021 година, со едно динамично темпо ги остваривме сите зацртани програмски активности за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на македонската полиција.
Реконструиравме 70 објекти на разни организациони единици на Министерството низ државата, за што одвоивме средства од сопствениот буџет. Притоа, резултатот е евидентен со тоа што 2021 ја завршивме како најбезбедна година до сега, со зголемена ефикасност на полицијата, пишува министерот додавајќи дека и во 2022 година, ќе се  продолжи  со забрзан интензитет континуирано да се подобруваат  условите за вработените, за подобар резултат на полицијата,

Продолжуваме со:

Реконструкција на Оддел за граѓански работи во МТВ
Реконструкција на Центар за обука Идризово
Градба на Полициска станица Аеродром

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.