Спасовски: Бројката од 70 целосно реконструирани објекти на МВР е сериозен показател за одговорниот пристап на ова раководство
Бројката од 70 целосно реконструирани објекти на МВР, за периодот од 2017 до 2021 година, е сериозен показател за одговорниот пристап на ова раководство на МВР кон подобрувањето на условите на вработените и на услугата за граѓаните, информира на својот Фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Во 2017 година ја поставивме стратешката определба за концептот полиција – сервис на граѓаните, и оттогаш, па сѐ до крајот на 2021 година, со едно динамично темпо ги остваривме сите зацртани програмски активности за севкупно подобрување на условите и материјално-техничките капацитети на македонската полиција.
Реконструиравме 70 објекти на разни организациони единици на Министерството низ државата, за што одвоивме средства од сопствениот буџет. Притоа, резултатот е евидентен со тоа што 2021 ја завршивме како најбезбедна година до сега, со зголемена ефикасност на полицијата, пишува министерот додавајќи дека и во 2022 година, ќе се продолжи со забрзан интензитет континуирано да се подобруваат условите за вработените, за подобар резултат на полицијата,
Продолжуваме со:
Реконструкција на Оддел за граѓански работи во МТВ
Реконструкција на Центар за обука Идризово
Градба на Полициска станица Аеродром