Спасовски: Успешната борба против трговијата со дрога останува врвен приоритет на МВР

Објавено на 5 јануари, 2022 во 09:56

Сериозен успех на МВР за 2021 во борбата со недозволена трговија со дрога – пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, со одлични резултати во заплената на наркотична дрога во вкупна проценета вредност од 15 милиони евра, пишува на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Од 2017 наваму, раководството на МВР стратешки зазема бескомпромисен став за сериозна борба и спречување на овие појави. И во 2022, како врвен приоритет останува ефикасниот и координиран одговор, а со краен резултат успешна борба против недозволената трговија со дрога, организираниот криминал и корупцијата, миграцијата, тероризмот, сајбер-криминалот, информира министерот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.