Студентите можат да аплицираат за субвенциониран оброк
Започна аплицирањето за субвенциониран студентски оброк денеска за академската 2024/2025 година што ќе заврши на 5 септември, годинава. Пријавувањето се одвива он-лајн и важи за сите додипломски студенти запишани на приватните и државните универзитети во земјава.
„Право да конкурираат имаат апликанти коишто се редовни студенти, се државјани на РС Македонија, не се во редовен работен однос или не се регистрирани како индивидулани земјоделци како и не остваруваат месечен приход, по било кој основ поголем од минималната нето плата“, пишува во објавениот конкурс на Министерството за oбразование и наука.
Избраните студенти ќе добиваат по 140 денари дневно за купување на приготвена храна, од понеделник до сабота. Дневниот не искористен субвенциониран студентски оброк ќе се користи до саботата, како краен рок, од седмицата.
Корисниците правото за субвенциониран студентски оброк додека трае учебната студентска година. Не и во периодот од 1 јули до 1 октомври, во годината.
Дума.мк