Свечено затворено XVIII издание на ИФАД „Стоби“, гран при за „Бакхи, краток преглед на распадот“

Објавено на 18 август, 2021 во 13:20

Со доделување на наградите за најдобри актери и одигрување на претставата „Отело“  од Вилијам Шексир, во копродукција на Македонски народен театар Скопје и Народно позориште, Зеница од Босна и Херцеговина, свечено се затвори годинешниот XVIII Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.

Гран при на Фестивалот доби претставата „Бакхи – краток преглед на распадот”, во изведба на Народниот театар од Битола. Наградата за најдобра режија отиде во рацете на Игор Цук Торбица. Наградата за најдобра машка улога ја доби Зоран Љутков и наградата за најдобра женска улога ја доби Викторија Степановска Јанкуловска. Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ доби актерот Слободан Степановски од Народен театар Битола.

За време на фестивалот на античка драма „Стоби“ беа застапени две странски и четири домашни продукции  кој се одиграа на сцената на велешкиот  театар и на археолошкиот локалитет „Стоби”.  Беа организирани дополнителни петнаесет културни настани како што се изложби, промоции на книги и филмски проекции под отворено небо.

Наградите беа доделени од страна на Градоначалникот Аце Коцевски. Основач на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ е Општина Велес, организатор е Организациснкиот одбор на Фестивалот, а под покровителство на Министерството за култура.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.