Хаџиќ последен во Хаг: Го слуша обвинението!

Објавено на 17 октомври, 2012 во 15:31

Хашкиот трибунал денеска почна да му суди на лидерот на Хрватските Срби, Горан Хаџиќ. Тој е обвинет за злосторства против човештвото во Хрватска од јуни 1991 до декември 1993 година, јави Радио Слободна Европа. Хаџиќ беше уапсен минатата година, а при првото појавување пред Хашкиот трибунал се изјасни дека не бил виновен ниту по една точка од обвинението.

 

Тоа е последно судење во Хаг, каде што во тек се уште две важни судења: против Радован Караџиќ и против Ратко Младиќ кои, меѓу другото, се товарат и за геноцид за време на војната во Босна и Херцеговина. Судењето започна со воведното обраќање на обвинителството против Хаџиќ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.