Германскиот конзул нападнат од грчки демонстранти!

Објавено на 15 ноември, 2012 во 19:10

Околу 250 демонстранти со солзавец и пендреци растерала грчката полиција кои незадоволни од мерките  за штедење упаднале на состанок во Солун кој се одржувал меѓу грчки и германски функционери. Таму налетале на германскиот конзул.

 

Од полицијата соопштуваат дека револтираните демонстранти викале, трчале  низ ходниците и сакале да го запрат состанокот на тема, релативизирање на тензиите меѓу двете земји. Германскиот конзул Волфган Хоелшер Обермајер го заштитиле грчките припадници на специјалната полиција кои ги истуркале демонстрантите додека некои од нив се обиделе да го погодат конзулот со шишиња со вода.

Грчките медиуми објавија дека немирите на Меѓународниот саем во Солун избиле по изјавата на специјалниот претставник на германската канцеларка во грчко-германското здружение за соработка и заменик министер за труд Ханс Јоаким Фухтел дека во локалните самоуправи во Грција работат три илјади граѓани или две илјади повеќе од Германија. Изјавата била дадена пред почетокот на третиот грчко-германскиот форум на градоначалници кога  наводно било предложено да се намали бројот на чиновниците.

Германскиот конзул Обермајер информира дека не знаел што изјавил Фухтел. Тој изразил надеж дека конфузијата ќе се среди иако признал дека при нападот врз него ги изгубил дел од материјалите. Сепак конзулот рекол дека неговиот извештај ќе биде изложен во целост.

Исцрпени од неколку годишните мерки на штедење, мноу Грци, вината ја гледаат во германската канцеларка Ангела Меркел.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.