Словенците на Владата и рекоа: Не сакаме помали плати!

Објавено на 17 ноември, 2012 во 14:56

Пораката до словенската влада стигна од улиците на Љубљана на кои излегоа неколку илјади луѓе и демонстрираа против политиките на властите за кастрење на буџетските расходи, намалувањето на платите како и на бенефициите, јавува 24.ur.

Организатори на демонстрациите беа неколку синдикати, кои се спротивставија на актуелната  владина фискална политика за која сметаат дека ќе ја влоши економската криза во која запаѓа Словенија како резултат на состојбата во еврозоната.

Демонстрантите одржале мирни протестите во Љубљана. Протестите, во средата, во Шпанија и Италија каде се демонстрираше против владините мерки за штедење доведоа до судири на демонстрантите со полицијата. Десетици лица беа повредени меѓу кои имаше и полицајци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.