Со резолуција против глорификација на нацизмот!
Објавено на 27 ноември, 2012 во 10:45
На иницијатива на Русија, Генералното собрание на Обединетите нации, усвои резолуција против глорификација на нацизмот.
Со резолуцијата се осудува славењето на нацистичкото движење, отворање на споменици, како и одржување на јавни демонстрации со фалење на нацистичкото минато и неонацизмот.
Меѓу останатото, во документот, се изразува сериозна загриженост за зголемениот тренд на екстремистички движења и политички партии кои пропагираат расизам, етноцентризам и ксенофобија и се занимаваат со ширење на идеологијата на фашизам и расна надмоќ.
Како што пренесува руската новинска агенција РИА Новости, за резолуцијата гласале 120 држави, против биле САД, Канада и Маршалските острови, а 57 држави се воздржале при гласањето.
