Грчките лекари штрајкуваат поради намалени плати!

Објавено на 28 ноември, 2012 во 12:46

Грчки синдикати на болничкиот персонал и на работниците во локалните власти во средата објавија дека штрајкуваат против плановите на владата за отпуштања во државниот сектор.

Штрајкот беше свикан од федерацијата на болничарските лекари (ОЕНГЕ) во знак на протест против намалувањето на платите и кратењето на трошоците за здравството.

ОЕНГЕ соопшти дека петок ќе биде „работен ден за болниците, но без специјалисти“. Во петок наутро ќе има собир на сите медицински специјалисти во сите болници во земјата, а во 13 часот е планиран протестен марш пред зградата на Министерството за здравство.

Грчката влада во ноември на барање на доверителите од ЕУ и ММФ донесе нова програма за штедење во обем од 13,5 милијарди евра, којашто вклучува намалувања на платите и пензиите, како и отпуштањето на илјадници државни службеници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.